ВАШИНГТОН – САД го прогласи Руското царско движење за терористичка организација, изјави претставник на Стејт департментот.
Членовите на групата, со седиште во Русија, се сметаат себеси за руски православни националисти кои се залагаат за обнова на монархијата и ги фаворизираат интересите на етничките Руси, Украинци и Белоруси, пренесува Ројтерс.
Стејт департментот во својот последен годишен извештај соопшти дека етничкиот и расно заснованиот тероризам расте од 2018 година низ целиот свет, пренесува Танјуг.