Свет

Андреас Гисел : „САД користат методи на Дивиот Запад“

Berlin: Innensenator Andreas Geisel warnt vor Cyberkriminalität

Берлин – Министерот Андреас Гисел рече дека испораката на маски наменета за германската престолнина била пренасочена додека була на пат од Кина.

Германските медиуми објавија денес дека пратката од стотици илјади маски, купени од производителот 3М и наменети за берлинската полиција, била пренасочена кон САД додека била префрлувана од авион во авион во Тајланд.

Берлинските власти потврдија дека околу 200.000 маски ФФП2, за кои Германија веќе платила, биле запленети на аеродромот во Бангкок и не пристигнале на нивната дестинација. Овие маски одговараат на американскиот стандард за заштита N95.

Министерот за внатрешни работи на државата Берлин, Андреас Гисел изјави дека пренасочувањето на маските е „чин на модерно пиратство и не е начин со кој треба да се однесувате спрема трансатлантските партнери“.

„Дури и во време на глобална криза, не треба да се прибегнува кон методите на Дивиот Запад” , рече Гејсел.

Тој рече дека ќе побара од германската влада да побара од САД да ги почитуваат меѓународните правила.

Loading...

Related posts

Leave a Comment