Колумни

АНДРЕЈ РОДИОНОВ: ЗА ДА СЕ СПАСИ РУСКАТА НАЦИЈА, ПОТРЕБНА НИ Е ВОЈНА

Од неодамна, сè почесто слушам од разни претставници на властите и разни државни организации за државотворната улога на рускиот народ и неговата историска мисија во градењето на Русија. И, ако до не одамна тука и таму се слушаше „Руси“ , одеднаш официјални лица од различни нивоа почнаа да зборуваат за руски народ.

Последен пат вакво нешто имавме во 1941 година, кога Германците се приближија до Москва, тогаш комунистите одеднаш заборавија на својата интернационална политика и се сетија на руската нација.
Дали навистина повторно мириса на војна?! Изгледа, но овојпат Русите треба да бидат помудри и да не дозволат да бидат искористени.
Ако се борите, тогаш борете се за нашите руски национални интереси, а не за „Француските“!

Јас не планирам да добијам удобно место на власт ,со помош на народната поддршка и не се трудам да го задоволам ниту мнозинството, па затоа ќе си дозволам да го напишам она што долго го чувствувам. Другари, се надевам дека ме разбравте што сакав да кажам, но ако не, тогаш ќе ви објаснам.
Оддамна дојдов до заклучок дека за да се спаси руската нација, потребна ни е војна (по можност локална, се разбира, во спротивно скоро сите најдобри загинат повторно), глад и студ (по можност исто така во умерени количини, така што мнозинството ќе има можност да не го загуби човечкиот образ), и воопшто сериозни искушенија, размрдување. Во спротивно, нè очекуваат неизбежна деградација и смрт, тоа оддамна го видоа сите мислечки луѓе, дека ние, како нација, за жал,  подолго време одиме по овој пат. Да, ќе има жртви, но ова е минимум во споредба со она што веќе го губиме секоја година со оваа либерална попустливост.
Русите, со доволно нежност, разбираат дека нашите достигнувања се резултат на постојаната жртва на нашите предци. Размислувајте не за денес, нашите предци веќе се погрижија за тоа, но размислете подобро за утре, за да не не проколнуваат нас – нашите потомци!
П.С. Не сакам војна, јас само изразив модерна реалност, онак како што ја гледам.

Андреј Родионов – Претседател на меѓународното здружение – Русов

Loading...

Related posts

Leave a Comment