Анализа

Андреј Родионов: Помеѓу Навални и Путин, јас го бирам Рускиот народ и велика Русија

Всушност нам ни се нуди да избираме – помеѓу Навални и Путин. А јас избрав и секогаш ги избирав –  рускиот народ и Велика Русија.

И им препорачувам на другите да го сторат истото. Покрај тоа, со Навални и неговата компанија дефинитивно не сме на патот, а сегашната влада, благо речено, е далеку од совршена.

Ние мора да одиме по свој пат, зборувајќи од позиција на трета сила, обединувајќи искрени национални патриоти и нудејќи алтернативни решенија за одредени прашања, секогаш дејствувајќи исклучиво во наши национални интереси, што, особено, го прави нашето Движење РУСОВ.

А сепак, според мене, национал-патриотските сили треба да се потпрат на соработката со безбедносните сили, меѓу кои има многу адекватни луѓе и патриоти кои добро ги разбираат процесите што се случуваат и во нашата земја и во светот и се подготвени да се борат за да спречат повторување на сценаријата од 1917 и 1991 година, одржувајќи ја нашата Русија силна и независна. Покрај тоа, тие имаат што да изгубат ако про-западните сили дојдат на власт.
Заедно ќе ја оживееме Велика Русија, верувам во тоа!

Андреј Родионов – Претседател на меѓунароното здружение Русов и голем пријател на Македонија

Related posts

Leave a Comment