Свет

Анкета: Германците веруваат дека САД се поголема опасност за демократијата отколку Кина или Русија

Transition 2021: Do Germans Believe America Is Back? | Council on Foreign  Relations

И покрај симпатијата за новиот американски претседател Џо Бајден, граѓаните на Германија сè уште ги доживуваат Соединетите држави како голема закана за демократијата, поголема од Русија или Кина, пишува „Шпигел онлајн“ денес.

Според анкетата на Индексот за перцепција на демократијата спроведена од Институтот за алијанса на демократиите во Латана, 36 проценти од германските испитаници сметаат дека Соединетите држави се поголема закана за демократијата во Германија отколку Кина (33 проценти) или Русија (29 проценти).

Кога станува збор за глобалната демократија, Германците се уште покритични: 51 процент од испитаниците сметаат дека Соединетите држави негативно влијаат на демократските процеси во светот.

Владеењето на Доналд Трамп

Политичките научници сметаат дека промената во односот кон Соединетите држави, кои претходно, особено за Западна Германија, ја симболизираа демократијата и борбата за слобода, е „заслужена“ со четиригодишното владеење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Изборниот период на Доналд Трамп несомнено трајно ја наруши довербата на европските партнери во Соединетите држави“, рече за „Шпигел онлајн“, Jонас Парело-Плеснер, директор на Алијансата за демократии.

Тој заклучува, сепак, дека „ефектот на Бајден“ бил забележлив во истражувањето, што влијаело на зголемувањето на позитивната перцепција на Соединетите држави во споредба со минатата година.

Како најголема опасност за демократијата воопшто, анкетираните германски граѓани ги наведуваат економската нееднаквост, прекумерната моќ на големите технолошки проблеми и ограничувањето на слободата на мислење.

Related posts

Leave a Comment