Анкета

АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ЗА НЕСАКАНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19

Д-р Александра Трајкова завршила медицински факултет во Скопје во 2018 година и се стекнала со називот д-р по општа медицина. Веќе 3 години работи како матичен лекар во ПЗУ „Медико Поинт”, Ѓорче Петров.

Свесна за предизвиците со кои се соочува човештвото кога станува збор за новите вакцини против ковид за кои нема долгорочни студии за безбедност и имаат дозвола само за итна употреба, д-р Трајкова изготви многу детален анкетен прашалник. Целта како што е наведено, е да се соберат податоци за несаканите ефекти од вакцините против КОВИД-19, и истите ќе бидат испратени до „МАЛМЕД“ за понатамошно истражување. Сите податоци кои се однесуваат на здравјето на пациентот (освен личните податоци) ќе послужат исклучиво за научна анализа и со нив ќе се постапува согласно член 25 од Законот за заштита на правата на пациентите и согласно Законот за заштита на личните податоци на граѓаните.

Овој прашалник е наменет за сите вакцинирани со една, две или три дози со било која вакцина, а кои имале несакан ефект како последица од истата.

Без статистика, нема анализа. Без анализа, не може да се донесе правилна одлука. Да помогнеме сите да добиеме статистика!

Линк за вашиот одговор на анкетата

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!

Related posts

Leave a Comment