Македонија

Апасиев најави тотална блокада на собранието, Од план Б поминува на план Ц

Време е за тотална блокада на Собранието, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев. 

Тој ја повикува целата опозиција да влезе во тотална блокада. Апасиев рече дека по последната постапка на собранискиот претседател Талат Џафери кој самиот реши да ја цени уставноста на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, нема веќе смисла да се биде во Собранието.

Инаку, Џафери ја отфрли иницијативата затоа што според него била спротивна на Уставот.  Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија дека изигрува уставен судија.

Related posts

Leave a Comment