Македонија

Ацо Колевски избран за претседател на Советот на јавни обвинители

 

Едногласно, со 10 гласа – за, Ацо Колевски денеска е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители. Тој немаше противкандидат за функцијата, а во обвинителската дејност има искуство од 30 години. Работел во Основното јавно обвинителство, како и во Обвинителството за гонење организиран криминал.

Кај дел од јавноста Колевски можеби е познат и по тоа што токму тој беше потписник на барањето за заштита на законитоста, кое јавното обвинителство го достави до Врховниот суд со барање за укинување на притворот за бизнисменот Сеад Кочан, кој беше во бегство.

Related posts

Leave a Comment