Свет

Бајден вети дека правата на ЛГБТ заедницата ќе му бидат приоритет доколку победи

Кандидатот за претседател, Џо Бајден вети дека ако победи на претседателските избори во вторник, еден од неговите приоритети ќе биде да се донесе закон за правата на ЛГБТК заедницата, Законот за еднаквост и да се обиде да го потпише изменетиот историски закон за граѓански права во првите 100 дена од претседателската функција. 

Законот за еднаквост треба да ги заштити американските граѓани од дискриминација врз основа на сексуален или родов идентитет со дополнување на Законот за граѓански права од 1964 година, со кој се забранува дискриминација врз основа на раса, религија, пол и национално потекло.

Бајден вети дека законот за ЛГБТ права ќе биде во центарот на американската дипломатија

Бајден, еден од водечките поборници за правата на ЛГБТК за време на неговиот потпретседателски мандат на претседателот Барак Обама од 2009 до 2017 година, за Филаделфија Геј Њуз изјави дека ќе ги промовира овие права на меѓународно ниво така што споменатиот закон , ако тој влезе во Белата куќа во јануари, ќе биде во центарот на американската дипломатија.

Демократскиот кандидат за претседател ги достави упатствата за својата политика за ЛГБТК права преку е-пошта до уредникот на списанието Марк Сегал, активист за правата на хомосексуалците од 1970-тите.

„Донесувањето на законот за еднаквост ќе биде еден од законодавните приоритети во текот на моите први 100 дена на функцијата, приоритет на кој се спротивставува Доналд Трамп“, рече Бајден во едно интервју водено преку е-пошта.

Трамп беше првиот републикански претседател кој ги спомна правата на ЛГБТК во говорот за победа

Но, потсетува Ројтерс, Трамп беше првиот републикански претседател кој ги спомна правата на ЛГБТК во својот говор за победата и ги назначи луѓето што припаѓаат на таа заедница по судовите и во неговиот кабинет.

Портпаролката на тимот Трамп, Саманта Загер, изјави дека Демократската партија „премногу долго ги присвојува гласовите на ЛГБТК Американците кои сега наоѓаат свој дом во Републиканската партија“.

Во 2019 година, американскиот Претставнички дом го донесе Законот за еднаквост под демократско мнозинство, кој заглави во Сенатот под контрола на републиканците.

За законот да помине во двата дома на Конгресот, на Бајден ќе му треба демократите да го задржат мнозинството во Претставничкиот дом и да ја преземат контролата врз Сенатот.

Loading...

Related posts

Leave a Comment