Свет

Бајден: Нема да водиме Трета светска војна во Украина

Бајден, Фото: Ројтерс

САД нема да испратат копнени трупи во Украина, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

„Нема да водиме Трета светска војна во Украина“, рече Бајден, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој повтори дека САД ги поддржуваат сојузниците во НАТО.

Бајден вети дека САД ќе го бранат секој дел од територијата на НАТО.

„Сепак, сакам да бидам јасен, ќе се погрижиме Украина да има оружје за одбрана од нападите на руските сили. Ќе им испратиме пари и храна за да ги спасиме животите на Украинците. „Ќе ги примиме бегалците од Украина со раширени раце доколку дојдат овде“, додаде Бајден.

Related posts

Leave a Comment