Свет

Белата куќа застана во одбрана на Иванка Трамп

Илустрација: Одговор / Вацлав

Белата куќа застана во одбрана на ќерката на претседателот Доналд Трамп и негов советник, Иванка Трамп, за патувањето и покрај препораките да не се напуштаат домовите.

Според Би-Би-Си, минатата недела Иванка Трамп со нејзиното семејство отпатувала од Вашингтон во Бедминстер, Њу Џерси,за да го прослави еврејскиот празник Пасха во Националниот голф клуб на Трамп.

Белата куќа соопшти дека Иванка Трамп со нејзиното семејство отпатувала во објект кој се смета за нивна семејна куќа, дека ова патување не се разликува од патување поради одење или доаѓање од работа и дека местото каде што дошле е многу помалку населено од подрачјето околу нивниот дом во Вашингтон.

Според моменталните федерални препораки, граѓаните треба да избегнуваат патувања што не се нужно неопходни и да останат дома.

Неколку дена пред патувањето, Иванка Трамп преку Твитер апелираше до граѓаните да не излегуваат од дома ако тоа не е неопходно.

Loading...

Related posts

Leave a Comment