Свет

БИЛ ГЕЈТС ПРОТИВ ДОНАЛД ТРАМП, СУДИР ОД КОЈ ЌЕ ЗАВИСИ ИДНИНАТА НА СВЕТОТ

Американскиот претседател Доналд Трамп реши да го прекине финансирањето на СЗО, велејќи дека организацијата е виновна за ширењето на коронавирусот.

„Доколку СЗО ја завршеше својата работа и испрати медицински експерти во Кина за објективно да ја испитаат состојбата на теренот, епидемијата можеше да се сузбие во нејзиниот двор со многу малку мртви“, рече Трамп.

Неговиот потег беше критикуван од генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, а беше критикуван и од Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ кој важи за еден од најгласните поборници за задолжителна вакцинација на целата популација во светот.

Многумина познавачи на глобалните прилики го обвинуваат Гејтс дека позади вакцинирањето за кое тој се залага се крие вбризгување на микрочип импланти во организмот на луѓето, како би се постигнала целосна контрола врз светската популација во корист на глобалната влада од сенка.Имено Гејтс е коосновач на ID2020 Alliance, алијанса која се залага за задолжителна дигитална идентификација на секој поединец во светот.

Гејтс се најде на ударот на Трамп, откако отворено ја поддржа СЗО, а истовремено се заложи за изнаоѓање на вакцина против коронавирусот.Бил Гејтс на форумот во Давос во 2015 година направи сиимулација на справување со глобална пандемија од непознат вирус, а токму тоа го стави под сомнение дека е еден од клучните играчи во креирањето и ширењето на коронавирусот.

Гејтс во меѓувреме ја даде својата поддршка на демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден кој од страна на Трамп е окарактеризиран како експонент на Длабоката Држава. Очигледно битката во САД е многу поголема од вообичаена кампања за претседателското место.Се работи за судир на два дијаметрално спротивни концепти за видување на светот и по се изгледа исходот од таа битка ќе зависи и иднината на целата планета, дали визијата на суверенизмот кој протежира мултиполарност и враќање на поединецот како суверен во општеството ќе заживее или глобалистичкиот корпорациски модел кој се покажа суров за граѓаните ќе се врати на кормилото на светските текови.

Related posts

Leave a Comment