Занимливости

Блумберг објави лажен наслов: „Русија ја напаѓа Украина“, па по половина час го повлече

 

Познатата американска медиумска компанија Блумберг се извини откако случајно објави дека Русија ја нападнала Украина. Нивниот наслов: „Во живо: Русија ја напаѓа Украина“ – се појави на насловната страница на порталот синоќа околу 22 часот во Македонија, јавува турската агенција АА .

Олга Лаутман, аналитичар и истражувач која се фокусира на Русија и Украина, објави слики со погрешен наслов на социјалните мрежи. Таа рече дека насловот е отстранет по повеќе од 30 минути.

Блумберг се извини нешто повеќе од два часа по објавувањето на насловот. Тие рекоа дека подготвуваат неколку наслови за многу сценарија, а насловот „Русија ја нападна Украина“ денеска ненамерно беше објавен на нашата веб-страница“, се вели во соопштението. „Длабоко жалиме за грешката. Насловот е отстранет и ја истражуваме причината“.

Додека се зголемуваат тензиите на границата меѓу Русија и Украина, западните земји предводени од САД постојано предупредуваат на можноста од напад на Москва. Русија постојано ги негираше обвинувањата, обвинувајќи ги Вашингтон и неговите сојузници за намерно преувеличување на ситуацијата и водење медиумска кампања на заплашување. Грешката на Блумберг доаѓа само неколку дена откако Москва ги нападна американските медиуми дека шират „лажни и провокативни информации“ за ситуацијата во Украина. „За жал, американските медиуми објавуваат голем број непроверени, искривени и намерно лажни и провокативни информации за она што се случува во и околу Украина во последните месеци“, изјави минатиот понеделник портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!