Македонија

БОКИ 13 : ПАРИТЕ ОД РЕКЕТ БАРАЈТЕ ГИ КАЈ ЗАЕВИ (ВИДЕО)

Парите од РЕКЕТ барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев, рече осудениот Бојан Јовановски денес во судот.

-Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија. Донесовте политичка одлука. Рекетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заев – кажа Јовановски по што судијката побара да биде изнесен надвор доколку не зборува за пресудата.
Тој во своето излагање во врска со барањето да оди во домашен притвор, рече дека знае дека судот нема да му го одобри барањето.

-Сметам дека притворот којшто ми беше определен беше тенденциозен. Нема да се дадам во бегство. Едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во ЈО овие денови да ги пријавам сите кривични дела за сите вистински сторители на кривични дела. Знам дека ќе ми го продолжите притворот поради тоа што така ви е наредено – кажа Боки-13.
За момент од судијата во случајот беше побарано Јовановски да биде изнесен од судот.
Јовановски беше обвинет на 9 години затвор во случајот Рекет.

Related posts

Leave a Comment