Колумни

ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА : И ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ИГРААТ ПО РИТМОТ НА КАЛЕТО

ФОТО ГАЛЕРИЈА) Американската амбасада во Македонија го прослави ...

Три години живееме во тормозење и перфидни игри на Мицковски, освен пресови и посети со бацирака кај Меркел, Хан, Могерини и Брнзз од него ништо друго не видовме.

Заев го измачува суверениот Македонски народ до ниво на идентитетско бришење и непостоење цел четиригодишен мандат, со трауматични лаги и ветувања кои освен што го одржуваа во власта за да не ограбува и задолжува, народот не виде ништо добро и просперитетно!! Е, сега, Заев го видивме и слушнавме, го чувствуваме секое негово предавство како нож во грбот најболно и сеуште ги живееме неговите најтраорни деспотства!

Туку, на Мицковски ми е фокусот.. Зарем толку е под своето интелектуално ниво да се надева дека Македонецот ќе има нерви да му ја живее перфидноста и замајувањата уште четири години да го гледа со изјави на пресови, без да ги засука ракавите и да почне да го реализира барањето на народот и да почне процес уште во првите 100 дена враќање на име и бришење на трите срамни и понижувачки договори на Заев и Димитров. Тие договори единствено можат да си ги слават само по дома како куќни слави, но не и како едногласно прифатени од народот!

Пред некој ден си го славеа двегодишниот срам и себепонижување сами, дури жал ми падна кога од грчка страна не им дојде на прославата ниту некој министер без ресор заедно да прослават. Што кажува тоа?! Тоа кажува дека “Преспанскиот договор” за нив нема никакво значење и дека нивните апетити Макединија да ја видат целосно избришана сеуште не се наситени! Е, сега! А, ако и навистина му е идејата на Мицковски перфидно да игра за бриселските налогодавачи и Калето, а нас да ни ветува кревање на економијата во избришана држава и ние до дно понижени и така да седи устоличен на тронот само колку да биде властодржачот на нашите судбини кој ги држи во свои раце, да гледаме дека нема намера да ја врати асномска Македонија во првобитните Уставни рамки. Се прашувам, тогаш зошто да биде тој одбраниот од двете зла помалото.

Зарем не му е збоктисано на народот веќе од вашите зла, понижувања и перфидни игри. Го доведовте членството до таму да се теши, дека со доаѓање на власт на Мицковски предавствата ќе сопрат, дај им ум Боже, па, зарем избришна Македонија е мало предавство, уште колку предавства имаат. Нели влеговме во НАТО и територијалните претензии на малцинската албанска заедница е веќе минато. Ете, не дозволуваат сдсовци и премиер албанец по никоја цена, им ги гледаме тепачките и препукувањата со ДУИ на таа тема и бракот од интетерес им е пред развод! Значи, сонот за федерализација нема да им се оствари! И сега, не ставаат пред свршен чин, дека ни се допаѓало тоа или не, наспроти Заев и ганстерите стои ВМРО-ДПМНЕ на Мицковски, единствената клучна фигура која може да му ја одземе власта и да го руши Заев за да ја спаси единствената држава на македонскиот народ!

И ултимативно предлагаат, ако сакате да падне Заев дајте му го својот глас на Мицковски, демек, фигуративно кажано! – Подобро да голтнеме горчлив залак, отколку лажиче смртоносен отров! И, ШТО по горчливиот залак?! Предавствата ќе застанат! Заев ќе падне, Мицковски ќе го устоличиме на тронот викан власт! И, од утре по превземање на власта на Мицковски што ќе биде неговата прва задача како премиер во северна* со три штетни договори во единствената држава на Македонците безимена и целисно понижена?!

Нека ми одговорат тие кои викаат дека Мицко е помалото зло кое треба да го изгласаме?! Бидејки родољубниот македонски патриот, вака вели.. Ако ви е само за спас на Македонија, а не за гола власт, вие на нелегални распишани избори од нелегитимна власт, во тензично време на заразна пандемија ваквите распишани избори целисно ќе ги одбиевте, ќе предизвикавте криза и во таква нефункционална власт новото народно собрание ќе распишеше нови легални избори, ама така не ви нареди Брнзз, нели?! Наридот во вашите очи е само покорен народ кој го гледате само како гласачка машина и ништо повеќе!

Драмењето околу датумот ви е прочитана фарса, дури сте смешни сега кога се сметате за победници што Заев ви играл по ваше и го прифатил како датум вашиот килав предлог за избори – 15 јули! Не,другари вие сте еднакво губитници како и Заев, бидејки ве заслепуваат еднакво само алчниста за власт и моќ, по цена и на продадени марионети , а не љубовта само за Македонија и нејзината светла иднина!

Виолета Петковска

Related posts

Leave a Comment