Тој во моментов е во Мексико, кој му понуди азил
Сенатот во Боливија ја поништи изборната победа на соборениот претседател Ево Моралес , пренесува Раша Тудеј.
Сенатот го усвои предлог-законот со кој се прогласи за ништовна изборната победа на Моралес .
Донесен е и друг предлог-закон што ја отвора вратата за нови претседателски избори, според АФП.
Тој во моментов е во Мексико, кој му понуди азил.
Боливија е во турбуленција од изборите на 20 октомври, кои, според меѓународната ревизија, биле нерегуларни.
Поранешниот претседател Ево Моралес поднесе оставка на 10 ноември по протестите против него и притисокот од безбедносните сили, но неговите приврзаници се спротивставуваат на привремената влада што го зазеде неговото место.