Колумни

Мишко Ливрински : И НАВИСТИНА! КОЈ ЛИ Е КРИВ?

Минатиот месец европскиот парламент донесе резолуција со која се осудува фашизмот од втората светска војна. Но има нешто страшно и фрапантно во неа, а тоа е што фашизмот и комунизмот се изедначуваат како малтеne да се работи за една иста работа и тоа што само СССР се окривува како единствен виновник за втората светска војна.  Чим го украдоа денот на победата над фашизамот 9 мај и го претворија во ден на Европа, се знае дека следно ќе биде интервенција во историјата од втората светска војна.
Причините за втората светска се многу бројни. Но една е единствена  и без нејзина идентификација, не можеме  да согледаме што всушност се случуваше пред и за време на втората светска војна. За да ја идентификуваме главната причина  мораме да се вратиме во историјата во времето пред првата и втората светска војна и да видиме што всушност се случило  и да можеме да ја идентификуваме  главната причина за втората светска војна.
Светот во деветнаесетиот како и на почетокот на дваесетиот век се наоѓа во добата на врвот на империјализамот, светот се најде поделен помеѓу тогашните големи сили, Велика британија, Франција, Шпанија, Португалија, Холандија, Данска. Тоа беа силите по кои тогашниот свет беше поделен. Меѓутоа деветнаесетиот век е период на национал романтизам, национално будење на европските народи.Започнува процесот на обединување и национално освестување на европските народи. Германија и Италија се обединија, порасна во еврпски држави,  почна да зачекоруваат на европската политичка сцена. Но тогаш во тој период светот беше поделен помеѓу горе спомнатите европски колонијални сили, ресурсите, природните богаства,нафтата се беше поделено помеѓу нив. За Германија немаше место помеѓу големите сили на империјалниот свет. Тоа беше и основната причина за водењето на првата светска војна, прераспределбата на ресурсите и моќта.
По првата светска војна, Германија како губитник на војната и со одлуките на версајскиот мировен договор, на Германија и се одземени територии, обврзана е да плаќа огромен данок спрема победниците во првата светска војна. Рецесијата и депресијата во 1929-1930 година, негативно влијаела врз економијата уништувајќи ја целата нејзиан економија, произведувајќи најразлични ломови на микро и макро ниво. Во 1933 година за да купиш еден леб, Германецот требало да плати една вреќа со пари. Тоа доволно ни кажува за ситуацијата во која обичниот германски човек се наоѓал.
Само глупавиот човек во тоа време би поверувал дека нема ништо страшно да се чека, дека тоа туку така ќе пројде. Економската криза и депресија силно предизвикуваат социјална криза, социјалната криза предизвикува политичка криза, а виновникот секогаш се бара во некој друг. На пример за Германците беа виновни Евреите, не сите Евреи, прво банкарите, пота затоа што имат друга боја на кожата и им мириса страшно, па  на крај затоа што го предале Христа и работите отидоа во јабана.Така поразената и економски уништена Германија дваесет години после  првата светска војна  тргна во уште една војна. Причината е истата, прераспределба на моќта, ресурсите, нафтата, прераспределба на колоните, тоа е причината за втората светска војна, поводот е нацифашизамот.
Идентификувајќи ја причината за втората светска војна како вина  во западниот империјалистички колонијализам доаѓаме и до целта за тоа кој е виновен за избувнивањето на втората светска војна. Се разбира дека на првото место е западот и неговите колонијални сили Велика Британија, Франција, Шпанија, Португалија, Данска, Холандија. Тоа добро го знаеше британскиот премиер Вистон Черчил кој влезе во втората светска војна знаејќи дека цената која што Британија ќе треба да ја плати за да биде победник е крајот, односно прераспределба на британската империја и тоа се случи Британија излезе како победник во втората светска војна но цената на таа победа беше крајот на британската империја и тоа и се  случи.
со оглед на тврдењето
Фашизамот и комунизамот не се една иста работа
Со оглед на тврдењето за изедначување на фашизамот и комунизамот како една иста работа со цел да се префрли топката на СССР како главен виновник е навистина неточна работа. Фашизамот и комунизамот се две сосема спротивни работи. Фашиазмот се повикува на величење на една нација и е насочен против другите нации. Дека комунизамот се повикуваше на интернационализамот , на изумирање на нациите, народите и државите, тој беше анационален. Теоретски тие се сосема две различни работи. Се согласувам дека во комунистичките тоталитарни држави ( кои не беа заосновани на правата идеја на Карл Маркс) имаше премногу жртви од политички причини, како што беше голи оток, Сибир на Сталин И.Т.Н.  И за таквите злостворства навистина треба да се суди. Но тие злостворства направени од тоталитарните режими не се исто што и злостворствата на Хитлер направени спрема Евреите и другите народи. Целта на злостворствата кај тоталитарните режими не е водена од иста цел како и злостворствата во Хитлерова Германија. На крај злостворствата на комунистичките режими беа направени со цел заштита на политичкиот режим од противникот, а не беа правени од расистички причини како што беа правени злостворствата во Хитлеровата Германија.
Втора работа е тврдењето дека СССР имала различни договори, преговори, соработка со Хитлер, па дури и посета на Хитлер на Москва. А што е со западот, зарем западот не колабираше со Хитлер, зарем тие нема соработки и договори со Хитлер? Зарем само Москва имала или само нејзиниот се зима во предвид. Доволно е да се знае дека помеѓу финансиерите и подржувачите на Хитлер беа Форд, Престон Буш, Таткото на Џон Кенеди. Така да соработка и преговори Хитлер имал и со двете страни.Денес кога се зборува за тоа не е убаво само едната страна да се криви. На крај ниту Рузвелт, ниту пак Черчил не мисле така за СССР кога на посдамската, техеранската и јалската конфернеција меѓусебе со Сталин си ги договорија сферите на интерес. Источна Европа се до Берлин и припадна на СССР, а западниот дел на Европа на Британија и Америка, тоа си беше договорено помеѓу Черчил, Рузвелт и Сталин.
Претекс на Втората светска војна 
 Седумдесет и пет години после втората светска војна денес сме повторно на прекртница каде повторно во Европа се јавува Фашизамот. Во текот на втората светска војна Држави кои што има фашистички марионетските власти кои му служеа на фашизамот беа : Грција, Бугарија, Албанија, Србија ( пола -пола), Хрватска, Словенија,Романија, Украина, Белорусија, Балтичките земји, Полска, Чехословачка, Унгарија, Норвешка, Италија, Австрија, Холандија,Белгија, Вишевска Франција, Шпанија. Само три земји нема квислиншко колобрационистичка власт , тоа се Велика Британија, Македонија и Русија. Македонија немаше колоброционисти или квислинзи, Бугарската окупациона власт мораше од Софија да ги увезува.
Дека денес е жив Фашизамот во Европа и се практикува  е доказ Македонија. Барањето еден народ да се избрише од историјата и да му се одземе правото на самоопределување е исто така фашистички процес кој е еквивалентен на Хитлеровото барање за уништување на евреите во канц логори. Гледате Бугарите сакаат да си ја промената својата историја, Албанија исто така, сигурно и Французитге и Германците истото го сакат. Резолуцијата на Европскиот парламент е донесена со една цел Европа да си го избрише својот срам, како што погоре напишавме цела западна и источна европа имаше квислиншка власт. Тоа е голема шамарчина.
Сведоци сме дека во последно време се појавува и исламскиот фашизам, секако дека и тој не случајно се појавува како последен. Причината лежи во колонијалниот империјализам на западна европа кои зад себе остави пустош. Сите го знаеме случајот на Евреите и Палестинците само никој не кажува кој е крив за тоа. Британската империја која во 1933 година си замина и ги остави така, откако ги раскурца да завладе па да владее.
Она што денес се случува во светот е претекс на втората светска војна. После распадот на Британската империја  во втората светска војна, Америка остана доминантен столб во западниот свет, А со распадот на варшавскиот пакт и пропаста на источниот блок, таа остана единствен столб на светот. Меѓутоа од 2008 година, сликата на светската сцена повеќе не е иста, се појавуват и други светски сили како Русија, Кина, Индија, Иран, Турција, Јужна Африка, Бразил кои парират на Америка. Секако дека и денес целта е иста како и за време на првата и втората светска војна, а тоа е прераспределба на моќта, ресурсите, природните богаства, нафтата, енергенсите и се што се случува во светот според нас се случува со таа намера и цел.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
Image

Related posts

Leave a Comment