Свет

Болсонаро најавува новости во врска со пожарите

 

Бразил – Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека во текот на денот  ќе објави информации за неговото барање до Доналд Трамп за борба против пожарите во Амазонија.

Болсонаро на прес-конференција во Бразил рече дека е подготвен да презентира нови информации по средбата меѓу министерот за надворешни работи Ернер Арауз и неговиот син Едуардо со Трамп, соопшти Ројтерс, додавајќи дека засега не е познато кога ќе се одржи средбата.

Бразилскиот претседател го предложи својот син за амбасадор во Вашингтон, но американскиот Сенат допрва треба да го одобри.

Болсонаро исто така изјави дека ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел во текот на денот.

Тој рече дека ќе разговара со некои луѓе за организирање на помош против пожарите во „Амазонија“, но останува на ставот дека нема да прифати 20 милиони американски од Групата 7, сè додека францускиот претседател Емануел Макрон не се извини за навредливите коментари на неговата сметка.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!