Македонија

БОМБА: Мицкоски барал гласови од ,,Бугарофилите” во Македонија, за возврат дал дозвола за клубот Ванчо Михајлов во Битола!

Фотографија на која се гледа претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со Томе Блажески – претседател на бугарското здружение „Цар Борис трети“ е објавена од порталот Бриф.мк.

Фотографијата е направена пред локалните избори во земјава, во Бигорскиот манастир, на средба на која Мицкоски побарал гласови и поддршка од бугарските здруженија.

Првиот човек на бугарското здружение „Цар Борис трети“ многу често може да се види во друштво на националисти во соседна Бугарија и противници на кревањето на бугарската блокада за Македонија, како Красимир Каракачанов, претседател на бугарското ВМРО.

Бугарската партија ВМРО, на поранешниот министер Красимир Каракачанов, организираше и протести против евентуално тргање на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, а често со националистичка реторика подгрева тензии меѓу двете земји. Тој се споменуваше и како еден од мотиваторите на отворањето на клубот Ванчо Михајлов во Битола, настан на кој што присуствувал и Блажески, наведува Бриф.мк.

Нашите сознанија ги потврдуваат овие на Бриф, плус дознаваме дека отворањето на бугарскиот клуб во Битола, Ванчо Мухајлов, е плод на договорот во Бигорски за поддршка на ДПМНЕ, па затоа битолскиот градоначалник од партијата на Мицкоски дава дозвола за отворање на истиот.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!