Свет

БОРБА ПРОТИВ „РУСКАТА АГРЕСИЈА“: Америка издвои 155 милиони долари за Украина

 

КИЕВ ќе добие дополнителни средства од Вашингтон за подобрување на животниот стандард на Украинците во износ од 155 милиони долари, објави прес-службата на американската амбасада во Украина.Значителен дел од таа сума е наменет за „спротивставување на руската агресија“.

– Соединетите Американски Држави, преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), известија за обезбедување дополнителни средства во износ од 155 милиони долари за развој на Украина. Агенцијата, во тесна соработка со украинската влада, ќе ги насочи своите активности кон подобрување на животниот стандард на Украинците – се наведува во соопштението на амбасадата.

Според прес-службата, дополнителни средства ќе бидат искористени за решавање на низа клучни проблеми. Особено, издвоени се 34 милиони долари за поддршка на економскиот раст и подобрување на здравствениот систем. Покрај тоа, 14 милиони американски долари се наменети за подобрување на антикорупциските мерки, поддршка на реформите и заштита на антикорупциските институции.

– Одвоени се 63 милиони долари за спротивставување на руската агресија. Особено, станува збор за заштита на човековите права и обезбедување пристап до правосудството на Украинците повредено од агресијата на Крим и Донбас, поддржана од Кремљ. Станува збор и за намалување на енергетската и економската зависност на Украина од Русија преку олеснување на врските со европската енергетска мрежа, како и зајакнување на украинските компании кои работат на истокот на земјата – соопшти прес-службата на американската амбасада

Според амбасадата, 44 милиони долари се насочени кон зајакнување на демократијата и владеењето, како и проширување на реформите во судството за развој на посамостоен систем што гарантира почитување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата.

Претходно, американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во разговор со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеб, му вети на Киев активна економска и воена помош. Блинен рече дека Америка „им дава приоритет на суверенитетот, територијалниот интегритет и евроатлантските аспирации на Украина“.

Loading...

Related posts

Leave a Comment