Свет

Борис Џонсон до ЕУ: Нема да платам ниту цент ако договорот не се подобри

 

Поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, ја засили својата кампања за следен премиер на Велика Британија, предизвикувајќи ја Европската Унија во однос на Брегзит.

Џонсон изјави за “Сандеј тајмс” дека ќе одбие да ја плати договорената спогодба за Брегзит од 39 милијарди фунти (50 милијарди евра), освен ако ЕУ не й понуди на Британија подобар договор за повлекување од оној кој моментално е на маса.

Џонсон изјави за весникот дека е единствен кандидат на конзервативната партија кој може да ја победи  Лабуристичката партија предводена од Џереми Корбин и Партијата Брегзит на Најџел Фараџ.

Тој се закани дека ќе ја напушти ЕУ до истекот на крајниот рок на 31 октомври, дури и ако нема договор.

Трката за лидер на Конзервативната партија официјално почнува во понеделник. 

Loading...

Related posts

Leave a Comment