Свет

Борис Џонсон ја напушти болницата

Британскиот премиер Борис Џонсон ја напушти болницата каде што престојуваше последните седум дена поради коронавирусот, пренесува Гардијан.

Наведено е дека третманот ќе продолжи во Чекерс, неговата селска резиденција, а по совет на лекарите, Џонсон нема да се врати на работа веднаш.

Тој им се заблагодари на лекарите од лондонската болница Сент Томас кои се грижеа за него.

Инаку, Џонсон минатата недела беше однесен во болница поради симптомите на коронавирус – сува кашлица и треска.

Тој беше пренесен на интензивна нега во понеделникот вечерта.

Loading...

Related posts

Leave a Comment