Фудбал

Бразилскиот претседател ја користел фрекфенцијата на судиите на дуелот со Аргентина?

Не стивнуваат реакциите по полуфиналето во кое Аргентина се жали дека е оштетена за два пенали во дуелот со Кариоките.

 

 

 

Бразил против Перу ќе игра во неделното финале на Копа Америка, но никако не стивнуваат реакциите од вчерашното полуфинале на Кариоките против големиот ривал Аргентина. Гаучосите загубија со 2:0, но беа многу лути на судењето. Лионел Меси јавно го изрази незадоволството од делењето на правдата и потенцираше дека неговата репрезентација требало да добие барем два пенали.

Интересно е што главниот судија, Роди Замбрано од Еквадор, воопшто не сакаше ниту да побара помош од ВАР-системот за спорните ситуации. Потоа беше откриено дека ВАР-системот затаил непосредно пред почетокот на полуфиналето со Аргентина.

Сепак, бразилскиот портал „Глобо“ открива дека има и нешто повеќе само од обичен расипан ВАР-систем. Луѓето од обезбедувањето на претседателот на Бразил, Жаиро Болсанаро, за комуникација ја користеле истата фрекфенција што била наменета и за судиите.

По интервенција на телекомуникациската компанија „Анател“, проблемот наводно бил решен, но сепак тоа не го отфрла сомнежот дека имало комуникација на бразилскиот претседател директно со судијата.

Извор :

Спортманија.мк

 

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!