Регион

Британска астрофизичарка пронајдена мртва во Грција

 

Телото на 35 годишната Натали Кристофер, научник од Велика Британија е пронајдено во провалија на грчкиот остров Икарија од страна на доброволци коишто помагале во потрагата.

Нејзиното исчезнување го пријавило нејзиното момче со когошто живеела во градот Никозија на Кипар. Како што пренесуваат грчките медиуми, во понеделникот Натали излегла на утринско трчање, но не се вратила во станот. Момчето се посомневало и пријавило во полиција. Започна потрага во која беа ангажирани хеликоптери и пожарникарски екипи.

Во тек на истрагата полицијата открила и траги од крв на нејзината перница, а собарката изјавила дека во неделата вечерта слушнала расправија меѓу двајцата партнери.

Натали Кристофер е позната по својата работа како мировен активист во етнички поделениот Кипар, а се залагала и за поголемо учество на жените во некои научни области.

 

video
play-rounded-fill

Related posts

Leave a Comment