Свет

Британскиот премиер тврди дека Брегзит ќе се случи на 31 октомври ако се обидат да го спречат ќе има избори (ВИДЕО)

 

Британскиот премиер Борис Џонсон ја потврди својата заложба за Брегзит на 31 октомври, без „ако или можеби“, велејќи дека „под никакви околности“ неби побарал од Европската унија да го одложи повлекувањето на Велика Британија.

Обраќајќи се на Даунинг стрит 10 во понеделникот, британскиот премиер изрази цврсто уверување дека ќе може да се постигне договор за Брегзит за време на самитот на ЕУ во октомври.

Додека се шпекулираше дека ќе распише општи избори во услови на притисок од непослушните пратеници, Џонсон одговори дека не сака предвремени избори и ги повика пратениците да гласаат против уште едно одложување на Брегзит.

 

video
play-rounded-fill

 

Премиерот изрази надеж дека законодавниот дом нема да гласа за продолжување на рокот, додавајќи дека доколку го сторат тоа, тоа би „спречило понатамошни преговори“. Во тој случај, тој ќе ги објави општите избори.

Неговите коментари дојдоа неколку минути откако пратеничката од редовите на лабуристите, Хилари Бен, објави нацрт-закон според кој од Џонсон ќе побара да го одложи излегувањето на Велика Британија од ЕУ до 31 јануари 2020 година за да се увери дека Велика Британија нема да го напушти ЕУ без договор.

Related posts

Leave a Comment