Економија

Британските маркети го ограничуваат купувањето на масло за јадење

Фото: pixabay.com

Обединетото Кралство повеќето количина масло за јадење го  увезува од Украина, а ограничено е и купувањето на маслиново и масло од репка. Синџирот продавници „Теско“ објави дека од нив е можно да се купат најмногу три шишиња масло, додека од синџирите „Вејтроуз“ и „Морисонс“ може да се купат најмногу две шишиња.

Со оваа одлука, трговците на мало се обидуваат да обезбедат маслото да биде достапно за сите. Sainsbury’s објави дека не планира да воведува ограничувања, а се уште не се одлучиле за ограничување во Аsdai.

Британскиот малопродажен конзорциум тврди дека ограничувањата биле неопходни. Тие уверуваат дека само така можат да се погрижат сите да купат масло.

Цената на маслото во Велика Британија е за седум отсто повисока, пренесува Sky News.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!