Свет

Британските научници признаа: Вакцините против ковид не даваат имунитет

Coronavirus: Any UK vaccine to be made in Britain 'for fear US will take  it', scientists say | UK News | Sky News

Варијантата делта на коронавирусот ги намали сите шанси за постигнување колективен имунитет, заклучи панелот експерти во кој е вклучен шефот на тимот за развој на „Оксфордската вакцина“ на компанијата АстраЗенека. Покрај тоа, тие повикаа да се стави крај на масовното тестирање за да може Велика Британија да почне да живее со ковид.

Истражувачите заклучија пред британскиот парламентарен комитет дека е дојдено време да се прифати фактот дека не постои начин да се запре ширењето на вирусот кај целата популација и дека следењето луѓе со благи симптоми не помогнало, пренесува Телеграф.

Професорот Ендрју Полард, кој го предводеше тимот за развој на вакцини во Оксфорд, рече дека е јасно дека варијантата на делта може да ги инфицира и вакцинираните луѓе, што прави невозможно да се постигне колективен имунитет, дури и со висок процент на вакцинирани.

Изјавата на експертите следеше откако Ангела Меркел беше прва во Европа што објави прекин на бесплатните тестови во Германија на 11 октомври, со цел да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат.

Британското Министерство за здравство во вторникот потврди дека повеќе од три четвртини од возрасните во таа земја ги примиле двете дози на вакцината и пресметало дека 60.000 смртни случаи и 66.900 хоспитализации се спречени со вакцинацијата. Сепак, експертите веруваат дека ништо нема да го спречи ширењето на вирусот.

„Секој што се уште не е вакциниран, ќе се сретне со вирусот во одреден момент. Не постои ништо што ќе го спречи преносот на вирусот, затоа мислам дека сме во ситуација кога е невозможно да се постигне колективен имунитет. „Ќе се појави нова варијанта на вирусот, од која вакцинираните луѓе ќе можат да се инфицираат уште полесно“, рече Полард.

До неодамна, многумина се надеваа дека зголемувањето на бројот на вакцинирани во Британија ќе создаде некаков имунитет што ќе го заштити населението. Уште минатата недела, владиниот комитет за вакцинација и имунизација рече дека една од причините зошто предложиле вакцинирање на 16-годишници и 17-годишници е да се спречи зимскиот бран на ковид.

Сепак, анализата на Англискиот институт за јавно здравје (PHE) покажа дека кога вакцинираните луѓе се заразуваат, тие можат да бидат исто толку заразни како и невакцинираните луѓе.

Related posts

Leave a Comment