Свет

БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ МЕША: Софија ќе ги исполни обврските кон НАТО, но нема да води војна против Русија

Bulgaria's president to convene parliament on July 21

Заменик-претседателот на бугарското Народно собрание, Кристијан Вигењин, смета дека во ситуација кога има тензии во односите НАТО-Русија, во Бугарија треба да се зачува националното единство за прашања како што се одбраната и безбедноста.

Исто така, клучно е да се задржи умерен став во ситуацијата, додаде тој.

Како што посочи, Бугарија мора да гарантира дека ќе ги исполни своите обврски кон НАТО, но истовремено јасно да стави до знаење дека нема да се вклучи во никакви непријателски активности или конфликти.

Тој го поздрави и ставот на премиерот Кирил Петков, кој деновиве рече дека најважно прашање за Бугарија е деескалацијата на тензиите и дека Софија ќе работи во таа насока.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!