Свет

Бунт во затвор во Венецуела, 40 мртви

Во еден централен затвор во Венецуела избувнал бунт.Затворениците кои се обиделе да избегаат фрлале гранати кон воените службеници, прободувајќи го со нож директорот на затворскиот оддел. Најмалку 44 лица ги загубија животите, а 50 се повредени.

Најмалку 44 затвореници загинаа при обид за бегство, што се случи во петокот наутро во казнено-поправниот дом Ланос во Гуанаре.

За време на операцијата, поручникот на боливиската Национална гарда беше ранет со шрапнел од граната фрлена кон воениот персонал а  ранет е и затворскиот директор Карлос Торо.

Според воените извори, затворениците создале „нередовна ситуација“ која бараше присуство на директорот и на управникот на затворот. За време на средбата со затворениците, директорот бил прободен со нож во задниот дел додека управникот Вардин Алберто Катро успеал да избега.

Новинарката  Росибел Кристина Гонзалес, рече дека бунтот избувнал во дел од затворот познат како Ла Тела, управуван од криминалец познат како Оливо. 

Затворениците успеале да ги пробијат безбедносните решетки и се обиделе да излезат на улица. Група затвореници познати како „Лос Манчадос“ беше првата што се судри со безбедносните служби и неколкумина од нив беа убиени. Војската пукала кон оние што ги игнорирале наредбите.

Оние со најсериозни повреди биле однесени во болницата „Д-р Мигел Ора“, додека телата на убиените биле однесени во импровизирана мртовечница, каде ќе бидат идентификувани.

Министерката за затворски служби, Ирис Варела потврди дека имало немири, а во изјавата за  весникот „ултиматис нотисиас“,  таа рече дека група затвореници нападнале чувари на стража надвор од затворот.

Недоволно храна за затворениците 

Пратеничката Беатрис Мартинс за новинската агенција АП изјави дека немирите започнале со протест на затворениците кои барале да им се дозволи на членовите на нивноите семејства да им донесат храна.

Посетите се забранети од 16 март поради пандемија на коронавирус, а голем број затвореници се неухранети и имаат туберкулоза, според некои извори.

Според Венецуелската група за заштита на човековите права на затворениците, затворот во Гуанаре е изграден за да прими 750 затвореници, но неговиот капацитет е надминат бидејќи во него се сместени околу 2.500 лица.

Related posts

Leave a Comment