Свет

Вака московјаните го прекинаа обидот да се воведат ковид пропусници за три недели

10 Essential Attractions to See in Moscow

Граѓаните не мораа ниту да излезат од своите домови и да протестираат на улица. Се што направија беше да кажат: Ниту една продавница што ми бара вакцинална пропусница нема да добие ниту денар од мене. Откако градоначалникот на Москва, Собјанин, воведе ковид пропусници, московјаните едноставно престанаа да одат во продавниците за кои беа потребни истите.

Најубаво е што вакцинираните се солидаризираа со невакцинираните. Во сите продавници каде што се бараше пропусница, прометот опадна речиси на нула.

Московјаните не се шишаа, не одеа во барови и ресторани, не одеа во кино, не преноќуваа во хотели, ниту превземаа нешто друго каде што се бараше ковид пропусница.

Сопствениците на продавниците потоа почнаа да им се обраќаат на властите, лути поради претрпената штета.

Потпретседателот на Асоцијацијата на хотели и ресторани на Владимирскиот регион изјави дека воведувањето на ковид пропусниците се покажало полошо од целосниот карантин.

Во тоа време, компаниите можеа да сметаат на барем некаква државна поддршка, а со ковид пропусниците такво нешто нема.

Она што елитите не го предвидоа е дека московјаните едноставно нема да сакаат да учествуваат во измамата.

Деловните луѓе беа толку лути на градоначалникот што на 19 јули Собјанин одеднаш и неочекувано објави дека никој повеќе не мора да користи картички за вакцинација, со смешниот изговор дека бројот на случаи на корона одеднаш почнал да се намалува.

Но, сите знаеја што е вистината.

Тоа беше пример на масовна граѓанска непослушност, без граѓаните да мораат да ги напуштат своите домови и да протестираат на улица. Се што направија беше да кажат: „Ниту една продавница што ќе ми побара ковид пропусница нема да добие ниту денар од мене“.

Е вака се прави тоа.

Related posts

Leave a Comment