Свет

Ватикан го гледа Путин како “човек со вера”

Кардиналот на Ватикан ги пофали напорите на Русија за заштита на христијаните на Блискиот Исток

 

 

 

 

Ватикан смета дека рускиот претседател Владимир Путин е “човек со вера” со споделени христијански вредности, изјави државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин во пресрет на претстојната средба на Путин со папата Френциско.

“Рускиот претседател се смета за човек со вера, и мислам дека ги препознава вредностите што му се важни нему  лично, отелотворени во папата”, пишува на веб-страницата на Ватикан.

“Покрај тоа, Русија посветува посебно внимание на прашањата како што се заштитата на христијаните на Блискиот Исток и кризата на христијанските вредности во западноевропското општество”, изјави кардиналот. “Овој состанок ќе им даде можност да разговараат за овие прашања, како и за конфликтите во Украина и Сирија”, додаде Паролин.

Тој посочи дека состанокот на папата Франциско со архиереите на украинската грчко-католичка црква, поставен на 5 јули, не е поврзан со средбата со Путин

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!