Свет

ВАШИНГТОН ПОСТ: Американските републиканци постепено се оддалечуваат од поддршката за НАТО

ВП: Американските републиканци постепено се оддалечуваат од поддршката за НАТО

 

Американскиот весник Вашингтон Пост се повикува на априлското гласање во Претставничкиот дом на САД за резолуцијата за поддршка на НАТО, на која се спротивставиле 63 републиканци, додека во 2019 година на таков документ се спротивставиле 22 републиканци.

Изданието пишува дека овој исход од гласањето „го нагласува забележливото оддалечување на Републиканската партија од НАТО во последните години“, а позициите на некои републиканци одговараат на принципот „Америка на прво место“ промовиран од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во ноември 2018 година, Трамп ја критикуваше ситуацијата кога Вашингтон ги сноси трошоците за обезбедување на безбедноста на другите земји, но во исто време губи многу пари во трговијата со овие држави.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори, пишува дека Трамп постојано го поставувал прашањето за повлекување на САД  од НАТО.

Related posts

Leave a Comment