Свет

„Вашингтон пост“ го тужеше Стејт департментот

US issues travel warning to China for coronavirus

Американскиот весник „Вашингтон пост“ поднесе тужба против Стејт департментот.

Судската постапка е поднесена откако барањето на весникот да ја добие на увид депешата за безбедност во лабораторија за истражување во кинескиот град Вухан, од која тргна пандемијата на коронавирусот, беше одбиено.

Според „Вашингтон пост“, тужбата е поднесена до Окружниот суд на САД во Вашингтон и се однесува на две депеши кои американските дипломати во Пекинг ги упатиле до Стејт Департмрентот, по посетата на американските научници на Институтот за вирологија во Вухан.

Осврнувајќи се на Законот за пристап до информации, дневниот весник побарал да бидат обелоденети нивните содржини, но Стејт департментот го одбил барањето, наведувајќи дека нема „јасна потреба“ веднаш да ги објават депешите.

Related posts

Leave a Comment