Свет

ВАШИНГТОН ТАЈМС : АНТИФА СО МЕСЕЦИ ГО ПЛАНИРАЛА БУНТОТ ПРОТИВ ВЛАСТА ВО САД

Antifa, antifašisti

Членовите на екстремното левичарско движење Антифа во САД започнале да планираат бунт против тамошните власти пред неколку месеци, пренесува „Вашингтон Тајмс“.

Востанието низ целата земја требаше да биде предизвикано уште во ноември, во време кога навистина започна кампањата за годиеашните претседателски избори во САД, се вели во весникот во ексклузивниот извештај, повикувајќи се на тврдења на еден службеник за спроведување на законот, кој има пристап до разузнавачки те информации за таа таинствена група.

По смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, ширум САД се случија насилни демонстрации и грабежи, а со „Антифа“ – чии активисти се раширија меѓу демонстрантите – сега интензивно се занимаваат истражителите, наведува весникот.

Коментирајќи ги тврдењата на неименуван службеник, аналитичарите посочуваат дека ваквиот потег на „Антифа“ би бил целосно во согласност со нивниот карактер.

„Дејствата на Антифа претставуваат остар раскин со долгата традиција на мирни политички процеси во САД, а нејзината марксистичка идеологија настојува не само да влијае на изборите на краток рок, туку и да ја уништи употребата на изборите како одредувачки фактор на политичкиот легитимитет“, рече еден аналитичар.

Друг соговорник на „Вашингтон Тајмс“ тврди дека изборот на Доналд Трамп за претседател и заживувањето на Соединетите држави претставуваат закана за „нихилистичките цели“ на „Антифа“, која според него поттикнува насилство за создавање хаос и очај и да доведе до пораз на Трамп на претседателските избори

Самиот Трамп ја опиша „Антифа“ како една од групите што стојат зад насилните протести, а советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан, рече дека американските власти бараат повеќе разузнавачки информации за активностите на таа група во светлината на настаните што се случија во последните денови, се вели во весникот.

Од друга страна, порано денес, беше објавено дека канцеларијата на ФБИ во Вашингтон нема разузнавачки податоци што укажуваат на вмешаност или присуство на движењето Антифа во насилство за време на протестот.

Loading...

Related posts

Leave a Comment