Фудбал

Везув е подготвен за нова детонација – Наполи и Кристијано Роналдо!?

Кој би помислил дека една од најтешките задачи во светот на фудбалот ќе биде – да се најде клуб за Кристијано Роналдо?

Португалецот најверојатно ќе си замине од Манчестер Јунајтед, незадоволен од целата ситуација на Олд Трафорд, неговиот агент Жорге Мендеш активно бара клуб од Лигата на шампионите кој би ги исполнил високите критериуми на големиот Португалец.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Мендеш му го понудил Роналдо на Наполи и тврди дека агентот нашол добитна комбинација.

Според истото, Аурелио де Лаурентис би го продал Виктор Осимене на Јунајтед, проблемот е што Италијанецот го цени својот напаѓач на цели 140.000.000 евра, па евентуална размена на играчи би можела да ја намали цената на Нигериецот.

И ова не е првпат Наполи да се споменува во контекст на потпишувањето на петкратниот освојувач на „Златната топка“, откако беше јасно дека Роналдо ќе го напушти Јувентус, „наполитанците“ срамежливо се распрашуваа до Жорге Мендеш, но не можеа да се натпреваруваат со Понудата на Јунајтед.

Можеби ова е вистинскиот момент стадионот Диего Армандо Марадона да добие нов идол во форма на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

 

Related posts

Leave a Comment