Свет

Велика Британија нема да ја поддржи израелската анексија на Западниот Брег

ЛОНДОН – Велика Британија нема да ја поддржи израелската анексија на делови од Западниот Брег, затоа што тоа ќе го отежни постигнувањето мировно решение со Палестинците, изјави државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Џејмс Клеверли.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека останува на Израел да одлучи дали да анексира делови од окупираниот Западен Брег, пренесува Танјуг.

Но, Клеверли му рече на парламентот: „Нашата долгогодишна позиција не е да ја поддржуваме анексијата на делови од Западниот Брег, што може да го отежне одржливото решение за двете земји“, пренесува Ројтерс.

Loading...

Related posts

Leave a Comment