Свет

Венецуела ја зајакнува воената соработка со Русија

Венецуела ќе ја прошири соработката со Русија во воената сфера за да го одбрани мирот и нејзиниот суверенитет, изјави вчера венецуелскиот претседател Николас Мадуро. „Ги разгледавме плановите за воена соработка и ја поддржавме силната воена соработка меѓу Русија и Венецуела во одбраната на мирот, суверенитетот и територијалниот интегритет“, рече тој за Venezolana de Television.

 „Министерот за одбрана Владимир Падрино има јасни инструкции за ова прашање. Ќе ја прошириме програмата за соработка со воени сили како Русија. „Венецуела целосно ја поддржува Русија наспроти заканите од НАТО и од западниот свет“, рече Мадуро. Рускиот вицепремиер Јуриј Борисов во средата ја започна посетата на Венецуела. Борисов е копретседател на меѓувладината комисија за трговска, економска и техничка соработка со Венецуела. Во руската делегација има претставници од Министерството за финансии, Министерството за енергетика, министерствата за економски развој, индустрија и трговија и за земјоделство.

Под претседателот Уго Чавез, Венецуела негуваше пријателски односи со Русија. Голем дел од тоа беше преку продажба на воена опрема: од 2005 до 2013 година, Венецуела купуваше оружје во вредност од повеќе од 4 милијарди долари од Русија. Односите меѓу Москва и Каракас продолжија за време на мандатот на Николас Мадуро, кој ја презеде функцијата во 2013 година. Во декември 2018 година, Русија испрати два бомбардери Туполев Ту-160 во Венецуела. Овие авиони се способни да носат нуклеарно оружје. Руската и венецуелската армија подоцна спроведоа заеднички воени вежби.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!