Свет

Венецуелската влада нема да дозволи САД и Европската унија да влијаат на резултатите од разговорите со опозицијата

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека “договорите што ќе се постигнат на разговорите во Барбадос ќе бидат апсолутно суверени”

 

 

 

КАРАКАС, 20 јули. Венецуелската влада нема да дозволи САД и Европската унија да влијаат на резултатите од разговорите со опозицијата, рече вчера претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

“Венецуела нема да дозволи уцени од страна на САД и ЕУ”, рече Мадуро во говорот што се емитуваше на каналот Перископ.

“Договорите што ќе се постигнат на разговорите во Барбадос ќе бидат апсолутно суверени”, додаде тој.

Венецуелскиот претседател изјави дека владината делегација веќе се врати од Барбадос по разговорите со опозицијата.

Во мај, властите во Венецуела и опозицијата одржаа најмалку два круга индиректни разговори во Осло. На 8 јули започна нова рунда разговори во Барбадос.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!