Свет

Венецуелската влада одбива да учествува во новата рунда преговори со опозицијата

 

Администрацијата на Венецуела донесе одлука против учество во следната рунда преговори со опозицијата во Барбадос, соодветниот документ го објави на Твитер министерот за комуникации и информации на боливарската Република, Хорхе Родригез во средата.

„Иако опозициската делегација номинирана од опозицискиот лидер Хуан Гваидо веќе е во Барбадос за да учествува во преговорите закажани за оваа недела, претседателот на Венецуела Николас Мадуро одлучи да не испрати негова делегација“, се вели во соопштението .

Во документот се истакнува дека причината за одбивањето е „опасната и груба агресија против Венецуела од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп“, која ја поддржува  опозицијата во Боливарската Република.

Во мај, најмалку два рунди индиректни преговори меѓу властите и опозицијата се одржаа во Осло преку медијација на норвешката влада. На 8 јули започна новата фаза на дијалог во Барбадос. Мадуро изјави дека преговорите се интензивни и не исклучува дека консултациите може да резултираат во постигнување договори.

На 23 јануари, лидерот на венецуелската опозиција, Гвааидо, чие назначување на функцијата спикер на парламентот два дена претходно беше поништено од Врховниот суд, се прогласи за в.д. Тој беше признаен како привремен шеф на државата од страна на Соединетите држави и Групата Лима (освен Мексико). На нив им се придружи Организацијата на американски држави и повеќето земји од ЕУ.

Мадуро го нарече инцидентот обид за пуч и најави прекинување на дипломатските односи со Соединетите држави. Го поддржаа Русија, Белорусија, Боливија, Иран, Кина, Куба, Никарагва, Ел Салвадор, Сирија и Турција.

Related posts

Leave a Comment