Свет

Венецуелската морнарица очи во очи со американски брод по влегувањето во територијални води на Венецуела

 

Еден американски брод влегол во венецуелските води, но го променил курсот откако комуницирал со морнарицата на Венецуела, објави венецелската државна агенциј во петокот.

Во средата американските команданти на бодот Џејмс првпат беа забележани од венецуелските вооружени сили. Во четвртокот, еден патнички брод од Венецуела му пристапи на бродот од САД и го убеди дека ќе го промени курсот.

“По нашите радио комуникации, УСЦГ Џејмс беше убеден во потребата да го смениме својот курс и да заминеме од нашите води”, се наведува во соопштението на Морнарицата.

УСЦГЦ Џејмс припаѓа на американската крајбрежна стража. Некои извори наведоа дека  го следеа наводното присуство на бродот на САД во водите на Венецуела.

Американската јужна команда (СОКОМ) во изјавата од вторникот објави дека американскиот болнички брод Комфорт ќе биде распореден следниот месец во Западната хемисфера за да обезбеди поддршка за земјите од регионот како одговор на кризата во Венецуела.

Меѓутоа, СОКОМ не прецизираше, кои земји ќе ги посети Комфорт но рече дека деталите ќе бидат објавени подоцна. СОКОМ рече дека болничкиот брод ќе биде распореден на Карибите, Централна Америка и Јужна Америка за да спроведе мисии за хуманитарна медицинска помош.

Венецуела се соочува со сериозни немири од јануари, откако лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, поддржан од САД, се прогласи за привремен претседател.

Неговата кандидатура е признаена од мнозинството земји од Латинска Америка, како и од многу други држави на ЕУ, додека Русија и Кина го признаваат претседателот на Венецуела Николас Мадуро како единствен легитимен лидер на земјата.Тензиите во Венецуела достигнаа врв кон крајот на април, откако венецуелската опозиција иницираше нов обид за државен удар за укинување на уставно избраниот Мадуро, кој на крајот не успеа.

Loading...

Related posts

Leave a Comment