Македонија

(ВИДЕО)Обраќање на прим. д-р Таше Трпчевски-Болницата „Плодност“ ќе биде затворена поради заразен од корона

Поради лекар позитивен на КОВИД 19, болницата „Плодност“ во Битола е затворена

Приватната болница „Плодност“ од Битола целосно се  затвора, а  голем дел од персоналот e  во двонеделна домашна изолација, откако во оваа здравствена установа  е регистриран еден лекар- гинеколог позитивен на КОВИД 19. Тоа е првиот случај на заболен од коронавирусот во Битола. Осум родилки од болницата се веќе пуштени дома, а 2 ќе бидат пуштени утре. Потврди за Телма др Таше Трчевски кој денска се обрати преку видео порака, затоа што и самиот е во изолација. Вели дека иако болницата има  втор тим кој може да ја продолжи работата, но,  сепак , тоа нема да се случи.

-Одлучивме болницата да биде затворена  и воопшто да не работи до 13 април. Дотогаш сите ќе поминат во самоизолација  период од 15 дена, а  во  болницата ќе биде направено ново дезинфицирањево, вели д-р Таше Трпчевски, директор на болница Плоднос Битола  2,46  3, 07

 Вчера  на својот ФБ профил се огласи и заболениот лекар, кој рече дека во последните два месеца исклучиво се движел на релација од дома до болницата Плодност. По првите симптоми пред 6 дена самоиницијативно направил тест кој  бил негативен, а КОВИД 19 бил потврден со вториот тест во петокот. Ова го потврди и директорот на болницата, Таше Трпчевски

-Во изминатиот подолг период не го напуштил градот, по што следува  а заклучокот дека вирусот го добил од некој пацинет,  иако болницата од првиот ден на алармирање за коронавирусот  ја зголеми хигиенската постпака и постапуваше   по сите прнципи и наредби на Министерствот за здравсво, вели Трпчевски.  на 30 сек до 58 сек

Трпчевски вели дека болницата уште  во петокот кога стигнал  позитивниот резултат за лекарот прекинала со прегледи, интервенции и прием на болни, а ниту една нивна пациентка не е пренесена во друга здравстевна установа во државата.

Loading...

Related posts

Leave a Comment