Турската војска ги тестираше противвоздушните ракетни системи С-400 што ги купи од Русија
Тестирањето е извршено во областа на воздушната база во провинцијата Анкара. Исто така, користени се и борбени авиони од четвртата генерација Ф-16, но и модернизираните борбени авиони Ф-4 што Турција сè уште ги користи.
На кадрите од видеото што го објави агенцијата Ihlas Haber се гледа американскиот авион „ F-16 Fighting Falcon“ како изведува низок лет над Анкара. Истовремено, батеријата од напредниот руски противвоздушен систем „С-400 Триумф“ го контролира воздушниот простор над турската престолнина.