Политика

(ВИДЕО)Русите им го претставија новото хиперсонично оружје ,,АВАНГАРД” на Американците

авангард

Хиперсонично возило „Авангард“, според руската војска, е во состојба да лета 27 пати побрзо од брзината на звукот.

Руската војска им го покажа на американските инспектори најновото хиперсонично оружје, објави во вторникот руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се вели дека на тимот на американските инспектори им било прикажано хиперсонично возило „Авангард“ оваа недела, како дел од мерките за транспарентност според договорот за нуклеарно оружје Нов старт со САД.

Новото оружје ќе биде на борбена должност во декември, пренесува Танјуг.

Лета 27 пати побрзо од звукот

Рускиот претседател Владимир Путин го откри „Авангард“ во 2018 година, заедно со други ветувачки оружја, истакнувајќи дека неговата можност за вршење маневри на патот кон целта ќе ја направи ракетната одбрана бескорисна.

Војската соопшти дека Авангард е во состојба да лета 27 пати побрзо од брзината на звукот, додека Путин рече дека неговото создавање е технолошки чекор напред споредлив со советското лансирање на првиот сателит во 1957 година.

 

 

Related posts

Leave a Comment