Свет

(ВИДЕО) Австралиската публика со расистички пароли кон Медведев: Врати се во Русија, ечеше на финалето на Австралоија Опен!

ДАНИЛ Медведев е познат како некој кој секогаш го кажува тоа што го мисли. Така, за време на Австралија опен, тој не се двоумеше да и каже на публиката дека се идиоти.

Русинот во текот на целиот финален меч со Рафаел Надал имаше проблеми со публиката која беше на страната на Шпанецот и која постојано му свиркаше на вториот тенисер во светот дури и при сервис.

Сега на социјалните мрежи се појави уште едно неславно видео на кое се слуша како еден фан му вели на московјанецот: „Врати се во Русија“.

Еден дел од публиката се насмеа на ова, а други пак имаа повеќе впечатоци, но она што е важно е дека сето тоа го слушна и самиот тенисер.

По натпреварот, Медведев имаше многу интересна прес-конференција.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!