Свет

(ВИДЕО) ВОЈНА НА УЛИЦИТЕ НА ПАРИЗ: ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА ВАКЦИНАЦИЈА СЕ СУДРИЈА СО ПОЛИЦИЈАТА

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои се спротивставуваат на најавените фашистички мерки за задолжителна вакцинација.

Демонстрантите се собраа на неколку локации а една група се движи кон Бастилја.

Жителите на Париз оваа сабота излегоа на улиците во знак на протест поради задолжителната вакцинација против ковид и новите ограничувања со цел наводно да се потисне вирусот корона.

 

Минатата недела, околу 160.000 луѓе протестираа во француската престолнина против воведувањето на здравствени дозволи, како доказ за вакцинација или негативен тест за коронавирус, потребни за влез во кина, музеи, забавни паркови, барови…

Пред пет дена, француското национално собрание го одобри законот за воведување специјални антиковид картички за ресторани и патувања внатре во Франција и задолжителна вакцинација за работниците вработени во здравствениот сектор.

Новиот закон ги обврзува сите здравствени работници да се вакцинираат до 15 септември или да се соочат со суспензија.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!

Related posts

Leave a Comment