Свет

(ВИДЕО) ПОДДРЖУВАЧИ НА ТРАМП ПРОБОДЕНИ СО НОЖ ОД АКТИВИСТИ НА ЦРНИТЕ ЖИВОТИ СЕ ВАЖНИ

Во Вашингтон, недалеку од Белата куќа, три лица беа повредени.

Повикувајќи се на полициски извори, американските медиуми тврдат дека станува збор за напад со нож.

Полицијата на нивниот официјален профил на Твитер ги опиша тројцата осомничени за нападот и што носат, и ги предупреди луѓето дека се вооружени со нож.

Според првите информации, на инциденто му претходеле тепачка и расправија, а на мрежите се појави видео од инцидентот:

Нападот се случи по спорните претседателски избори во вторникот, на кои беше подигната голема ограда околу Белата куќа за поголема безбедност.

Како што е потврдено, три лица кои ги славеа изборите во еден бар во близина на Белата куќа беа повредени.

Тие тврдат дека виделе двајца Афроамериканци и една Афроамериканка како напаѓаат постар човек на улица, а кога дошле да му помогнат, биле нападнати и со нож.

Полицијата верува дека напаѓачите се дел од движењето „Црните животи се важни“.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment