Свет

(ВИДЕО) Трамп ја замолкна про-демократската новинарка на ЦБС

Доналд Трамп

Репортерот на ЦБС, Виџија Џианг прокоментира дека Трамп чекал предолго со предупредувањата за новиот вирус корона и посочи дека тој сè уште одржувал митинзи со илјадници луѓе во февруари.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и порача на новинарката да  „замолчи“, откако  за време на прес-конференцијата беше запрашан зошто не реагирал порано и не ги предупредил Американците за ширењето на вирусот корона.

Трамп и одговори дека веднаш издале забрана за патување во врска со влегувањето на странски државјани во Америка, вклучително и кинески државјани, на што таа посочи дека и покрај тоа вирусот веќе се ширел низ земјата.

Претседателот рече дека во тоа време биле регистрирани само неколку случаи на инфекција и ја запраша новинарката да му каже колку заразени имало во моментот на издавањето на забраната. Кога таа заусти да му одговори, Трамп и рече да „замолчи“.

– Колку луѓе починале во Америка откако се затворија границите? Верувам дека никој тогаш не  почина и треба да ми се заблагодарите за мојата добра проценка – истакна тој.

Минатата недела, Трамп слично реагираше на новинарот на ЦБС ,Пол Рејд, кој исто така го праша зошто во февруари не реагирал благовремено.

Loading...

Related posts

Leave a Comment