Свет

Виктор Медведчук станува преголем товар за Володимир Зеленски

На долю Оксаны Марченко в 1+1 наложен арест, но телеканал продолжит работу,  - СНБО

 

Сопругата на украинската политичарка Оксана Марченко, која ги повикува Ердоган, Зеленски, Џонсон и Путин да го спасат нејзиниот сопруг, ги открива нивните слабости.

Со своите јавни повици до државниците да го спасат сопругот од Киев, Оксана Марченко направи нешто што секоја жена сигурно би го сторила во ваква ситуација. Но, освен добрите намери да го спаси својот сопруг, оваа украинска телевизиска водителка успеа да ги измеша картите во војната во Украина поставувајќи неколку загатки, од кои секоја открива многу работи.

Засега се покажа дека размената на Виктор Медведчук нема да биде толку лесна како што очекуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој само неколку часа откако на својот телеграм објави фотографија од уапсениот Медведчук, даде предлог за негова размена за војниците во Мариупол. Тоа беше премногу брзо. Зеленски не можеше да го сокрие триумфот што токму во тој момент го извади „кецот“ од ракав, па на Русите им го честита Денот на космонаутиката со фотографија од прорускиот украински политичар и олигарх (Путин беше на космодромот Восточни тој ден). Тој подоцна напиша: „Ми се чини дека овие сигнали (за размена) ги пренесовме јавно и не баш многу јавно. Доколку се заинтересирани, ќе одговорат“.

Во меѓувреме, руските сили го стегаат обрачот околу фабриката за челик Азовстал, во која се сместени неколку илјади екстремисти, меѓу кои и околу 400 странски платеници. Според податоците на руските вооружени сили, тие се од европските земји и од Канада, што е востановено со следење на разговорите преку радиоврска меѓу милитантите во Мариупол, кои се водат на шест странски јазици. Евакуација на некои од овие борци од фабриката беше пробана со бродови и хеликоптери, но сите обиди беа неуспешни.

Ентузијазмот на Зеленски веројатно исчезна кога Русите рекоа дека Медведчук не е нивен државјанин, дека нема никаква врска со воената операција и дека не знаат дали тој воопшто би сакал Русија да застане во негова одбрана. А потоа остроумната сопруга во видео обраќање, со главата покриена со шамија, како што е обичај во муслиманскиот свет, побара од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да застане за негово ослободување. Потоа му се обратила на Зеленски, барајќи од него да го пушти, а потоа ги поканила семејствата на британските платеници да побараат од Борис Џонсон да ги разменат, а потоа и од Путин. На која и да било државник на кој му се обратила – го ставила во тешка ситуација.

Џонсон повеќе би сакал двајцата британски платеници да исчезнат отколку да објасни од каде дошле во Украина. А за еден од нив веќе нашироко е познато дека бил во Сирија и исто така бил разменет. Активирани се и семејствата на тие платеници, кои сега бараат помош од Даунинг стрит.

Што се однесува до Ердоган, тој би направил се за да ја исполни желбата на Марченко, бидејќи ќе го оживее неговиот дипломатски посреднички потенцијал, кој згасна кога преговорите меѓу украинската и руската страна дојдоа во застој. Но, тој нема што да му понуди на Зеленски за возврат, освен можеби да не му ги наплати „бајрактарите“ – што не е исплатливо. Меѓутоа, ако е точно дека во „Азовстал“ има странски инструктори, како што на големо се пишува, тогаш тој би можел да му направи голема услуга на НАТО. Од друга страна, ако го ослободи Медведчук, ќе и направи услуга на Русија и не би ја „платил“ по толку висока цена каква што Киев бара од Москва.

Паломница русского мира": как Оксана Марченко стала врагом Украины — МЕТА

 

Во Киев веќе се малку нервозни што Русите не се изјаснуваат. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во понеделникот во интервју за западните медиуми рече дека Русите ја одбиле размената, што формално не е точно, иако е суштинско, бидејќи Кремљ го префрли фокусот од сржта на овој проблем на човековите права. Путин не брза да одговори колку Зеленски, а што се однесува до Медведчук од појавувањето во јавноста повеќе нема да смее да има модринки по главата и рацете, бидејќи рускиот притисок врз европските и американските институции ќе се зголеми.

Украинската служба за безбедност во понеделникот објави видео на Медведчук облечен во нова спортска облека, кој вели дека е подготвен да замине во Русија. Наместо да одговорат на овој потег, Русите „објавија“ видео од заробените британски платеници, кои велат дека би ценеле доколку Џонсон застане во нивна одбрана. Навистина, на британскиот премиер за тоа би му требало многу помалку труд отколку кога со часови би „клечел“ во блиндиран воз за да стигне до Киев. Но, што би добил Џонсон со платениците од Обединетото Кралство, а уште помалку со Медведчук, уште еден олигарх, иако украински?

Значи, сите погледи се вперени во Москва, поради што е направен проектот „Медведчук“. Но, колку и да беше убедлив овој опозиционер како лидер на проруската партија и сопственик на медиумите на руски јазик (кои Зеленски ги затвори), Кремљ тешко би се согласил да ја ослободи суштината на украинскиот отпор од Мариупол која е толку важно за Киев и за државите чии граѓани се заробени во подземните тунели. За такво нешто мораше да добие мировен договор на чинија со исполнети услови, кои се „црвени линии“.

Овој „кец во ракав“ Зеленски би можело да му се сврти против себе, бидејќи Русите сега инсистираат да ги гарантираат човековите права на украинскиот политичар и лидер на политичка партија. За ЕУ исто така тоа е незгодно прашање на кое треба да реагира, без разлика што нејзиниот министер за надворешни работи сака оваа војна да се добие на терен.

Како што одминува времето, Медведчук станува товар за Зеленски, бидејќи не само што веројатно нема да го добие тоа што го сака за него, туку може да стане и лице на темната страна на украинската жртва.

А Оксана Марченко, толку остроумна, со добро чувство за детали, може да биде многу поуспешен претседател на Украина во Москва од Светлана Тихановска, претседателката на Белорусија – во Литванија.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!