Колумни

Виолета Петковска : Да беше ова држава водена од зрели и мудри политичари, зарем требаше владата да се огласи за некоја си локална пеачка што,, заборавила,, текст во химната на некаков си настан или славење.

 

 

Како искршени стари лонци и дронци. Растумбурени тракатанци,и бижутерија како на стара курва заборавена, со лажен сјај без вредност и значење, себеси се нарекувате „власт“! Мудрите велат: Будалите немаат рогови, сами ќе се покажат! Да беше ова држава водена од зрели и мудри политичари, зарем требаше владата да се огласи за некоја си локална пеачка што,, заборавила, текст во химната на некаков си настан или славење. Да објаснува дека била направена ненамерна грешка! Како да е владин функционер пејачката, па ајде ќе се оправдуваме и ќе се објаснуваме! Не. Владата само си ја ишка мувата од капата, бидејки токму по желба и налог на владата, пеачката изостави дел од текстот на македонската химна во кој се опеани Гоце Делчев, Даме, Питу и Сандански! Овие искршени, растамбурени стари лонци и дронци кои се нарекуваат „ власт“, излитени и трошни сурати, бесрамни, алчни и потпросечно интелигентни, недостојни ни за во нива, а камо ли Господ да ги црпне, за да ги спаси, ни ја растураат државата и мирот секој ден, секој час, со нов скандал и нов срам!! Лицемерни политичари кои сакаат само власт без достоинство и интегритет на народот и државата да владеат. Како да е се тоа најневажната работа. Што, интегритет и достоинство?! Почит и углед?! Ма, што ќе ти тоа, биди среќен само што си жив и што дишеш?! Име, историја, идентитет, традиција. Гледај, напред не назад, името е веќе стара прича.!! Биди некој нов безимен и без минато, и онака за нив си само обичен човек кога им треба глас! Ми се смачивте лицемери, нели ве заболеа веќе газовите од стругање по тенок мраз! Нели се изморивте од глумење и лажење! Само, прочитани сте веќе сите и вашите злонамери и пусти желби за власт!

 

Виолета Петковска

Related posts

Leave a Comment