Колумни

ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА : МАНУ Е РАСИПНИЧКО ДУВЛО НА АКАДЕМИЦИ ПРЕДАВНИЦИ

МАНУ ќе одбележи 51 година од основањето | Телма

МАНУ го извадија од респираторниот апарат и продиши сам! МАНУ Е жив! Жив е… Крикнаа и врапците на дрвјата! Центарот за геријатрија по долго и тешко чмаење и безживотно вегетирање, наречен МАНУ.! Се ЈАВИ!

Навистина се јави и тоа за да и помогне на геноцидната власт да се одржат парламентарни избори во јуни или јули(не разбрав кога точно)…. Замислете!!!! Замислете колку експлицитно ни ја покажуваат тенденциозната предавничка намера да продолжи да владее злото кое не држи во ропство, тиранија, лаги, криминали, полициска диктатура, напумпани смртни случаи кои не умираат само од К-19,а нас ни кажуваат дека починале од заразниот коронавирус! И сега МАНУ, замислете си МАНУ крикна и побара или уставен или партиите брзо да ја поништат одлуката за распуштање на собранието и пратениците да си се вратат во собраниските клупи за да распишат нови парламентарни избори…

Неверојатно, но, вистинито, да! Се прашувам, кога мислат вака пак да крикнат, на пример за нападот на грците преку “преспанскиот” договор, бугарскиот “добрососедски договор” во кој бугарите бараат доброволно да се откажеме од себепостоењето како Македонци кои говорат македонски јазик. Против двојазичноста во тиранската платформа и геноцидниот рамковен договор и сите “договори”заедно кои не водат, токму во федерализација и бришење на се македонско од картата на светот! МАНУ и сите “умни” глави таму до сега ниту еднаш не застанаа на страната на државата и народот кој ги плаќа со високи месечни лични доходи! Никогаш не го бранеа суверенитетот и унитарноста на државата!

Слободата на изразување и медиуми без цензура. Слобода на Македонците во Македонија! Никогаш не ја осудија геноцидната власт кога ги кршеше уставот и законите и решаваше се трилатерално и во четири очи! Никогаш не ги прогласи Димитров, Шекеринска и Заев за вршење геноцид над народот и државата кога против наша воља во приватна режија отидоа во Нивици и го потпишаа срамниот “преспански договор” во кој ни се забранува да бидеме Македонци, да пееме на македонски за Македонија и да го вееме македонското 16-зрачно сонце – каде сакаме и колку сакаме!

Никогаш не станаа и да се з’гнасат од брусењето на македонските симболи и сонцето од Кутлеш по шахтите, плоштадите, чешмите, црквите и по другите јавни места во Скопје и низ градовите во Македонија! Никогаш не им стана криво што БПЦ и стана мајка на МПЦ! Никогаш не се побунија што ни го променија името на државата и не нарекоа “северна”, а АСНОМ го избришаа од преамбулата! Никогаш не ги осудија комисиите кои заедно со бугарските историчари преговараат дали Гоце Делчев и Мисирков се македонски или бугарски дејци, дали говориме на македонски и нашиот македонски го преименуваа само во “мајчин јазик” кој се говори во државата северна и никогаш не се побунија што на територијата на цела држава таблите на институциите се двојазични дури и таму кај што се чисти македонски средини! Да, МАНУ е расипничко дувло на академици предавници кои своето образование, професионални кариери и титули ги стекнаа во државата Македонија, а денес се злосторнички здружени со геноцидната власт и најкрволочно работат против нејзино разнебитување и бришење веќе да не постои и ништо да не остане македонско од Македонија!

Виолета Петковска

Related posts

Leave a Comment